Пропаѓањето на Ф1 во Германија е трагично

Доктор Хелмут Марко смета дека пропаѓањето на популарноста на Формула 1 во Германија е многу чудно.

Нико Хулкенберг ќе биде единствен германец на гридот сезонава, додека Хокенхајм и Нирбургринг повеќе ги нема во календарот.

во германија, формула 1 стана трагедија од која се срами секој ентузијаст и вљубеник во моторспортот. “зелен“ анти-автомобилски активист и да сака не може да смисли толку очајна стратегија на тркачката серија во германија. ауди, имаме проблем, тоа е се што можам да кажам – бесен е норберт хог, поранешен шеф на формула 1 програмата на мерцедес од шампионските денови со мекларен.

Германски Мерцедес до лани доминираше во тркачката серија, а Фолксваген преку својот бренд Ауди се приклучува на спортот.

мораме да се осигураме дека оние што ги мразат автомобилит и моторспортот не победат на крајот во земјата која огромен дел од приходите ги генерира токму од автомобилската индустрија.

Доктор Хелмут Марко се согласува со својот колега.

Неверојатно е се што се случува во германија во моменотв. во австрија е целосно спротиво, формула 1 цвета како никогаш до сега, ред бул се како австриска репрезентација и цела земја го сака. поради тоа се надевам на силен мерцедес повторно за да германците може да се идентификуваат.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ