Прост: Зголемувањето на бројот на трките не е глупост

Советникот на Рено и Алпин, легендарниот Алан Прост, смета дека не е глупаво да се зголемува бројот на трки во Формула 1 иако нема главни спонзори. 

Оваа година Формула 1 планира да организира 22 трки и наредната сезона да се зголеми бројот на 23 трки. Сопственикот на Формула 1, американска Либерти Медиа, сака да одржува по 25 трки годишно но сеуште е рано за толкав пораст. 

Мислам дека причината за повеќе трки е да се обезбедат повеќе пари бидејќи ги загубивме големите спонзори. Порано имавме цигари и алкохол, а сега загубвиме многу.

Тука се конструкторите, но на крајот помалите тимови бараат да се вклучат спонзори. Имаме брод, имаме пакет и потребен ни е приход од комерцијални извори и затоа не е глупаво зголемувањето на трките – смета професорот.

Но, Прост предупредува дека треба да се внимава на зголемувањето на бројот на настаните. 

Секогаш има граница. Треба да се разбере дека некои луѓе сакаат да поминат и време со семејствата бидејќи патуваат цело време и тоа е тешко. Не сум против повеќе трки, Но мора да сме претпазливи. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ