Прост: Не барам работа, но ќе ги разгледам сите понуди

Алан Прост, Формула 1 легендата со четири шампионски титули зад себе, откри дека по заминувањето од Алпин не бара нова работа за себе, но дополни и дека ќе ги разгледа сите понуди кои ќе ги добие.

Во исто време, тој откри дека освен неколку куртоазни телефонски повици, не добил никаква конкретна понуда

Тој беше еден од неколкумината кои заминаа од Алпин, меѓу другото и Извршниот директор Марцин Будковски, но французинот посочи дека Рено и Алпин проектот му се во срцето. Иако тој никогаш не освоил титула за нив, сепак, освои наслов за Вилијмас со мотор на Рено.

сеуште немам никаква понуда, слободен сум. секако дека формула 1 е одлично искуство и ако можам да останам ќе го сторам тоа затоа што спортот е мојот свет, моето семејство, ги познавам сите.

немам можност да го споделам моето искуство со никого во моментов, тоа се над 40 години присуство во тркачката серија на различни позиции и со различни екипи. горд сум на се што направив и постигнав, но не е лесно, а јас сакам да се забавувам додека работам. односот со луѓето е многу важен за мене, но во моментов немам проект на кој би се посветил.

имам 66 години и имам многу бизниси надвор од формула 1, но, да бидам искрен, ако добијам можност да останам во формула 1, веднаш би ја прифатил затоа што тоа е моја цел – посочи алан.

Тој откри дека сакал да се кандидира и за Претседател на ФИА, но немал доволно време да се подготви сериозно да го предизвика Мохамед Бен Сулајем, наследникот на Жан Тод и поради тоа ќе почека некое време.

сакав и бев подготвен на тоа, но немав време. разговарав со жан тод и грахам стокер и ако тој победеше, јас ќе бев многу вклучен во формула 1 и тоа беше интересна понуда.

имав разговори и со бен сулајем во париз пред изборите, но не разговаравме за мој ангажман. тоа е нова организација, нов претседател и не знам што ќе се случува. секако дека фиа е на потег во моментов по се што с еслучи во абу даби имаат многу работа пред нив.

Но, пред да реши да работи на некое поле, 66-годишникот има свои услови и критериуми.

мора да е јасно, дури и мојата улога во рено не беше многу јасна и луѓето стануваат љубоморни затоа што сакаат внимание за себе, а јас морам да сум многу внимателен. поради тоа не е јасно да се има јасна цел, но отворен сум, не барам работа, но ќе го исслушам секој предлог. веќе имав неколку телефонски разговори и размислувам за сите сериозни предлози – најави човекот кој има 51 победа на трки во спортот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ