Роси ја брани својата одлука да го избрка Прост

Главниот извршен директор на Алпин, Лорен Роси, не жали што го избркал легендарниот Алан Прост од тимот, французинот кој беше советник на екипата и амбасадор на Рено.

66-годишниот Прост го обвини Роси дека му бил љубоморен и дека сакал самиот да носи одлуки без при тоа никој да не го консултира. Но, Роси не се согласнува со тоа:

имам огромна почит за алан за неговата кариера како шампион и за придонесот кој го има во рено груп. на последната трка лани заклучивме дека нашиот начин на соработка не му одговара на него и дека најдобро е да си замине од тимот во новата ера во спортот. подобро е да не се согласуваме на почетокот од новата ера одошто на крајот – откри роси.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ