Прост откри дека Алпин имаат проблем со моторот

Французинот Алан Прост си замина од Алпин и откри проблем со издржливоста на моторот наредната година. 

Алпин имаат две фабрики, една во Енстон каде се прави болидот и друга во Вири, на Рено, каде се подготвува моторот. Французите се надеваат дека ќе ја намалат разликата од 30 коњски сили со другите мотори на гридот. 

Има мал проблем со издржливоста за новиот мотор. За време на симулациите на тестот дознавме дека моторот не работи на задоволително ниво.

До сега Рено развиваа верзија на моторот од пред три години. Лука ди Мео најави за новиот мотор дека е доста помал и полесен со подобар центар на гравитација. 

Ова е амбициозен проект. Прашање се и перформансите, но не може да зборуваме се додека болидот не е на патеката. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ