Пјастри за проблемите во Шпанија

Австралијанецот Пиастри од Мекларен смета дека тешко да ги претвори добрите квалификации во поени во нормални услови. 

Пиастри и Норис се квалификуваа во топ 10 но имаа тежок старт и прв круг. 

Норис имаше штета на предното крило додека Пиастри беше престасан од Перез и Расел на почетокот на трката и подоцна од Гасли и Леклер. Иако тој успеа да ги стигне возачите на Алпин и Ферари сепак Мекларен немаше доволно брзина да дојде до поени. 

Имав долго попладне бидејќи немав доволно брзина. Првиот круг ми беше лош и подоцна работите не беа според планот бидејќи немав брзина за поени. 

Грешките на Перез и Расел му помогнаа на Пиастри да влезе во К3 но според него во нормални услови тоа немало да се случи. 

Мислам дека во нормални услови тешко да бидеме во топ10. Денес се вративме во реалноста и имав потежок ден од очекуваното. 

Пиастри бара одговор зошто болидот работи добро во тешки услови и не може да ги менаџира гумите. 

Брзо може да ги загрееме гумите кога е ладно и влажно. Но мора да сфатиме зошто е тоа така и како да си го олесниме животот во недела. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ