Раиконен: Абу Даби ми беше последна трка во кариерата

Кими Раиконен изјави дека последната трка во Формула 1 е последна трка во неговата професионална кариера. 

Шампионот од 2007 година со Ферари помина 20 години во спортот и стартуваше на 349 трки. Тој најави дека ќе се пензионира во Септември, но сеуште нема кажано дали ќе продолжи со тркање или ќе помине повеќе време со семејството. 

Многу беше лесно да се каже дека ми е последна трка и тоа можеби е погрешно. Немам никакви планови, Не сакам да правам планови бидејќи за прв пат немам ништо испланирано и можам да уживам. Со нетрпение го чекам тоа време  Не сакам ништо да планирам – вели финецот.

Раиконен изјави дека можеби нешто ќе се случи во иднина, но не знае да каже што точно. 

Има некои работи кои ми ги посочуваат луѓето. Доколку има смисла зошто да не. 

Кога ја напушти Формула 1 во 2009 година, тој возеше во рели шампионатот и извозе две трки во Наскар. 

Тоа беше различно. Тогаш ,кога возев рели, не бев толку зафатен и немаше многу настани. Тестирав малку во Наскар и Ле Ман. Сега сакам да сум дома. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ