Раиконен: Нема повторно да стапнам во падокот

Кими Раиконен откри дека по пензионирањето нема повторно да дојде во Формула 1 падокот. 

Откако извозе повеќе трки од било кој возач во историјата на Формула 1 и освои една титула, финецот ја заврши својата кариера. Тој никогаш не криеше дека не сака да биде пред медиумите и да ги врши своите ПР должности. Финецот се интересираше само за возењето и сега кога веќе не вози, нема да доаѓа на трките. 

Времето ќе покаже. Го сакав само возењето, но Никогаш нема да дојдам во падокот. Формула 1 не е мојот живот. Има поважни работи за мене. Ништо нема да го промени тоа. Не запрев бидејќи немав сила туку бидејќи има подобри работи од седење во авиони или во хотел – изјави раиконен.

Кими е среќен што нема планови и ќе се грижи за семејството и домашните миленичиња. 

Сеуште немам ништо. Моите деца имаат куче и тоа е доволно за да го поминувам времето со нив. 

Напуштањето на гридот е само негова одлука бидејќи шефот на Алфа Ромео изјави дека сакале да го задржат уште една година. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ