Ралф: Верстапен има психолошка предност пред Хамилтон

Според поранешниот возач во Формула 1, Ралф Шумахер, Макс Верстапен има психолошка предност пред Луис Хамилтон во борбата за овогодинешниот наслов. 

Разликата помеѓу нив е само 8 поени предност за холанѓанецот на две трки до крајот на сезоната. Хамилтон има помалку победи и пол позиции оваа година, но се бори да ја освои осмата титула за него, додека за Верстапен би била прва. 

На крајот на денот, Макс е млад и може да си каже дека се обидел и бил блиску, но има уште време. Различно е за Луис, Има поголем притисок врз него – смета ралф. 

На неколку прилики двајцата имаа инциденти на патеката поради што не ја завршија трката, но Хамилтон игра паметно бидејќи сака подолго да трае борбата што според Шумахер е предност и тој треба да се покаже на последните две трки. 

Тој веќе покажа колку е искусен во Бразил. мислам дека Хамилтон треба да внимава на наредните трки бидејќи Макс има предност во моментов. 

Шумахер се надева дека Верстапен нема повторно да ризикува и да се удри. 

Се надевам дека на последните две трки нема да има инцидент. Многумина сметаат дека ќе има инцидент, но се надевам нема да се случи тоа. Мислам дека подобриот возач ќе победи. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ