Ралф го закачна Гунтер по сударот на Хулк

Ралф Шумахер не можеше да одолее, а да не го закачне шефот на Хаас, Гунтер Стаинер во Мајами.

Во Петок, возачот кој го замени неговиот внук Мик, Нико Хулкенберг, заврши во ограда.

ако праксата на тимот се задржи, наскоро ќе знаеме колку овој судар чинел – шеговито изјави ралф за германски Sky.

47-годишниот Ралф и шефот на Хаас, редовно се препукуваа лани преку медимите поради начинот на кој Стаинер го менаџираше Мик Шумахер.

следната година кога ќе излезе новата сезона на серијата на нетфликс ќе дознаеме што гунтер мисли за нико.

Но, Ралф посочи дека и покрај тоа што неговите коментари се наменети кон Гунтер, тој е импресиониран од повратникот во спортот, 35-годишниот Хулкенберг.

фер е да се каже дека нико е неверојатен и прави болидот да изгледа подобар одошто всушност е. мора да му се дадат големи пофалби затоа што работи неверојатно добро.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ