Ралф смета дека за Хаас е подобро да го отпушти Магнусен

Поранешниот Формула 1 возач, Ралф Шумахер, смета дека главоболката околу возачите на американски Хаас може да биде решена со германски тандем за следната сезона.

Дефинитивно последно место на гридот кое сеуште не е потврдено е она во Хаас каде во моментов е Мик Шумахер, но германецот е неизвесен за следната година. Во комбинација за таа возчка позиција е уште еден германец, искусниот Нико Хулкенберг, кој може догодина да биде сместен крај Кевин Магнусен кој има повеќегодишен договор со американската екипа.

Шесткратниот Гранд При победник на трка, Ралф, смета дека за екипата е подобро да го задржат Шумахер, а Магнусен да го замена за Хулкенберг. Во својата втора сезона во Формула 1, Мик е под жестоки крикити поради тешките судари на Џеда, во Монако и Сузука, а редовни беа и критиките од шефот Стаинер. Неговата форма се подобри кон средината на сезоната кога “врза“ два топ 10 пласмани, на Силверстон и Ред Бул Ринг, но повторно следуваше суша.

се е можно, особено ако ги погледнеме последните неколку трки. кој знае дали местото на магнусен е толку дигурно.

ако ги видиме тркит еод силверстон, лесно е да се заклучи дека мик е постабилен возач и подобар од двајцата, иако имаше и многу лоши моменти со стратегијаа.

на последната трка во мексико, тој беше околу 6 десетинки побрз од магнусен, така што да го почекаме крајот на сезоната и се надеваме дека хаас ќе донесат исправна одлука. можеби следната година ќе возат со двајца германци во болидите – се надева ралф.

Од трката на Силверстон во Јули, Шумахер има повеќе трки завршено пред Магнусен одошто обратно, пет напсроти четири, иако данецот е тој кој почесто носи поени. По трката во Мексико, Кеин има 24 поени и се наоѓа на 13то место во поредокот, додека Шумахер има двојно помалку и е 16ти.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ