Ралф со критики кон Стаинер: Никогаш не е задоволен од Мик

Земајќи предвид дека Мик Шумахер најверојатно нема да остане во Хaас во 2023 година, Ралф Шумахер силно го осуди третманот на тимот кон 23-годишниот возач.

Ралф Шумахер се нафрли на тимскиот шеф на Хаас, Гунтер Стаинер, тврдејќи дека тимот најверојатно нема да го задржи неговиот внук за следната година и дека тие никогаш не биле задоволни со неговите перформанси.

Местото на Шумахер во тимот беше доведено во прашање во последните неколку недели, а според шпекулациите тој би можел да биде заменет од Нико Хулкенберг за 2023 година.

Ралф смета дека однесувањето на Стаинер кон неговиот внук во последните недели не било позитивно и го критикуваше неговото раководство во тимот.

Мислам дека Хаас нема да одлучат во корист на Мик, инаку тоа ќе го направеа одамна.

Начинот на кој тимот се справува со Мик и јавните коментари на тимскиот шеф Гунтер Стаинер најкултурно ќе ги опишам како негативни – посочи повеќекратниот победник на трка.

Ралф тврди дека Хаас никогаш не биле задоволни со перформансите на Шумахер на патеката и покрај тоа што покажал потенцијал на некои трки.

Мик покажа дека има потенцијал, но без разлика на се што направи, тимот и Гунтер Стаинер никогаш не беа задоволни со тоа.

Целото однесување не може да се објасни како нормална комуникација, речиси изгледа како да е нешто лично.

Мислам дека Стаинер не се согласува со фактот дека некој друг е во фокусот на Хаас.

Ралф верува дека притисокот што се врши врз Мик да испорача го спречува да вози опуштено без преголема контрола.

Тој е под постојан притисок да не прави грешки, а во спротивно не може да продолжи да вози за Хаас. Кога сте под таков притисок, не можете да возите опуштено.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ