Ралф Шумахер: Не треба да се отфрли враќање на Фетел

Ралф Шумахер верува дека враќањето на Себастијан Фетел во Формула 1 не треба да се отфрли откако четирикратниот шампион се пензионираше на крајот од оваа сезона. 

Тој ја извозе својата последна трка во Абу Даби откако претходно објаи дека годинава е последна за него во врвната моторспорт тркачка серија. 

Себастијан Фетел е четирикратен шампион кој направи големи работи. Ќе и недостасува на Формула 1 како личност, Но работите не одеа по план за него во Астон Мартин.

Посакувам да беше друга ситуација. Тој сега е посветен на човековата околина. Тоа е важно бидејќи до сега тоа не беше важно за спортот во целина – смета ралф.

Според Шумахер, искуството на Фетел може да ги натера тимовите да го побараат назад. 

Не треба да се исклучи негово враќање во Формула 1. Видовме дека Нико Хулкенберг и Фернандо Алонсо се вратија.

Формула 1 има повеќе фактори од тоа да си брз. Една од нив е искуството. Тој има шанси да се врати во наредните години на гридот. Дали ќе се врати, останува да видиме. Можеби за година или две доколку има сила. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ