Расел: Абу Даби беше враќање во реалноста

Џорџ Расел изјави дека трката за Големата награда на Абу Даби била враќање во реалнсота за Мерцедес откако победија на претходната недела во Бразил. 

Возачите на Мерцедес стартуваа од 5та и 6та позиција на последната трка, но Хамилтон не ја заврши трката, а Расел имаше тежок ден откако загуби позиција во првиот круг. Сепак, откако откажа болидот на Норис, тој се врати и заврши на 5то место. 

Мислам дека ова беше враќање во реалнсота за нас. Потребно ни беше да сфатиме дека треба да работиме за да се бориме со Ред Бул наредната сезона. Имаме болид со потенцијал, но не ги користиме перформансите.

ВО текот на сезоната како да возевме различен болид на секоја трка. Разликите беа преголеми. Наредната година имаме промени во болидот и се надевам дека ќе сме подобри.

Заборавив како е да се вози без потскокнување во свиоците и на правиците – опиша младиот британец.

Расел дојде до првата победа во Интерлагос и единствена за Мерцедес оваа сезона. 

Горд сум на постигнатото оваа недела и сакам да бидам шампион. Треба да сме горди на постигнатото оваа сезона и да се подобриме за да се бориме со Макс. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ