Расел воодушевен од лојалноста на Мерцедес кон Ботас

Џорџ Расел се надева дека Мерцедес ќе бидат исто лојални кон него како што биле кон Валтери Ботас, секако, доколку се докаже во екипата.

Во одреден момент од минатата сезона, шпекулациите во Бракли почнаа дека младиот британец ќе го замени Ботас кој ја одработуваше 5та сезона со шампионската екипа. Тоа и се случи, Џорџ ќе вози крај Хамилтон годинава, а Валтери ќе се трка за Алфа Ромео.

она на што се восхитувам кај мерцедес и кај тото е нивната лојалност кон оние кои се дел од тимот. валтери беше клучна фигурва во минатото, возеше, се тркаше и им помагаше да стигнат до сите тие победи и сите тие титули. има луѓе кои секако дека ќе речат дека тој беше многу далеку од луис хамилтон, секогаш ќе има такви коментари.

но, многу ваќен дел од сите тие огромни успеси беше ботас, а тие го наградија со огромна лојалност. можеа слободно да го отпуштат по некоја лоша трка лани, но не ни помислуваа да го сторат тоа затоа што така не работат, тие им даваат можност на луѓето, шанса да се докажат.

јас имам 23 години и не брзам никаде, имам многу години пред себе и долг период со тимот – посочи расел.

Откако виде што се тимот направи за својот фински возач, Ботас се надева дека и тој ќе има исти третман од страна на екипата, секако, доколку се докаже како брз возач.

веројатно лојалноста ја зголемува самодовербата на возачот исто како и кај вработените кои тие ги имаат околу 2.000 во двете фабрики. ќе работам напорно на остварување на целите, а тие ќе ме наградат со лојалност, така што воопшто не сум загрижен за мојата аработа во иднина.

она на што се восхитувам во мерцедес е тоа што ги прават работите поинаку одошто остатокот од гридот. морам да бидам благодарен што го имам тото за шеф. лојалноста која ја покажаа кон валтери, ќе ја покажат кон мене ако носам резултати.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ