Расел и Тсунода казнети за пребрзо возење во боксот

Јуки Тсунода од АлфаТаури и Џорџ Расел од Мерцедес добија казна по исти престап за време на вторите 60 минути во Монако, односно ја надминаа дозволената максимална брзина во боксот.

Мерцедес доби казна од само 100 евра откако Расел беше измерен како вози 60,2 кмч што е минимални 0,2 кмч побрзо од она што е дозволено, а Монако е познато како патека со најниска дозволена брзина во боксот со оглед на тесните гаражи.

Тсунода доби официјално предупредување откако возел дури 16,2 кмч побрзо од дозволеното односно во боксот минал со 76,2 кмч. Овој прекршок јапонецот го направил враќајки се во гаажата со оштетен преден лев дел од болидот и дупнато задно лево тркало по контактот со оградата кај шиканата. Тимот од Фаенца ќе мора да плати 1.000 евра.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ