Расел не очекува Мерцедес да биде побрз на трка

ОСвојувачот на пол позиција на вчерашните квалификации за Големата награда на Унгарија, Џорџ Расел, посочи дека ќе биде многу шокиран ако неговиот В13 Мерцедес се покаже побрз на трка одошто на квалификации.

По петочните тренинг сесии, Расел посочи дека денот е за заборавање откако беше секунда од ритамот на најбрзите со 9то време, додека неговиот колега Луис Хамилтон беше 11ти. Симулациите на трка покажаа дека во серија од 10 кругови, Џорџ е 1,2 секунди побавен од ритамот кој го вози Ферари.

нашиот ритам на трка е многу лош и бавен – реални изјави расел по петочните сесии.

Поради тоа, тимот работел неуморно до крајот на дозволеното време во Петок и извадиј круг половина десетинка побрз од оној на Ферари, а Хамилтон завшри поназад поради проблем со ДРС системот. Расел не очекува силни перформанси и на трката по фантастичниот квалификациски круг.

одиме ден по ден, чекор по чекор и не сакаме да се занесеме по одличниот резултат на квалификациите. сакаме добар старт, добра прва серија и стратегија која ќе биде најбрза.

знаевме дека имаме многу брз болид за квалификации овој викенд, но ако истиот се покаже толку силен и на трка ќе бидам многу изненаден. квалификациите ги одработевме безгрешно во секоја секунда од истите – задоволен е џорџ.

Но, неговиот шеф Тото Волф е поголем оптимист кој верува во победа на тесната патека на кој многу тешко се претекнува.

Запрашан за тоа што се случувало и што било сработено по петочните сесии, Џорџ откри:

имаше многу разговори околу филозофијата која ја следевме и дали се двииме во вистинска насока како екипа и покрај тоа што го намалуваме заостатокот, но петочните сесии беа катастрофа за нас. верувавме дека има причина за лошиот петок и фактот што бевме секунда од ритамот.

потоа дојде сабота на која освоивме пол позиција со феноменален ритам, но свесни сме дека макс имаше проблеми дефинитивно ја свртивме работата во наша корист.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ