Расел не се согласува со Алонсо околу проблемите во Ф1

Возачот на Мерцедес верува дека големината на сегашната генерација на Ф1 болиди не е фактор за подобрување на тркачкиот спектакл.

Џорџ Расел не се согласува со тврдењето на Фернандо Алонсо дека болидите во Формула 1 станале преголеми, што пак во последно време ги отежнало трките.

Шпанецот ги повика ФИА и Ф1 да вложат напори да ја намалат тежината и големината за да ја подобрат возбудата на трките, но водечките дизајнери стравуваат дека таквите промени ќе бидат тешки за спроведување без компромиси за безбедноста.

На прашањето дали се согласува со коментарите на Алонсо, Расел тврди дека големината е проблем само кога ги посетуваат тесните патеки во календарот.

Не сметам дека големината на болидите е таков проблем, само кога одите во Сингапур и Монако навистина ја чувствувате нивната големина.

Тие изгледаат кул кога ќе ги споредам со помалите болиди од хибридната ера. Сè уште мислам дека болидите помеѓу 2004 или 2007/08 беа болиди со најубав изглед.

Можеби тие се малку преголеми сега, но јас не сум премногу убеден во тоа.

Сегашната генерација на Ф1 болиди се најтешките во историјата на шампионатот, со тежина од 798 килограми.

Многу од безбедносните иновации се одговорни за зголемувањето на тежината, заедно со зголемената употреба на хибридни системи.

Расел верува дека ФИА мора да најде компромис заедно со Ф1 доколку сакаат да ја намалат границата на тежина за идните болиди.

Има два фактора: едниот е перформансите, го сакате најлесниот можен болид само за чисто уживање во возењето на болидот – објасни тој.

Го споменав претходно безбедносниот аспект, ги правиме овие болиди побезбедни, но и потешки.

Ако возите 160 километри на час и имате болид со иста тежина како автобус и удрите во нешто наспроти друг автомобил, автобусот ќе направи поголема штета.

Овде инженерите во Ф1 и ФИА треба да најдат совршен компромис.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ