Расел објасни зошто се мачел на крајот

Откако не успеа да ја претвори првата пол позиција во прва победа, Џорџ Расел откри дека проблемите со гумите при крајот на трката му ја уништиле шансата да победи и “паднал“ на трета позиција.

Откако ги изненади сите со пол позицијата, Расел водеше првите 30 кругови во Унгарија. Беше претекнат од Шарл Леклер, загуби позиција преку боксот од Макс Верстапен и на крај Луис Хамилтон го престаса со понови гуми на пет кругови до крајот.

Имав силен старт и добра прва серија, но на крајот на медиум почна да доаѓа дождот и се мачев да ги загреам гумите. Се гордеам со работата на тимот за пол позиција и двоен подиум. Дефинитивно правиме напредок и горд сум на сработеното – посочи моначанецот.

Расел го објасни расположението по трката.

Сигурен сум дека некои работи можеа да се сработат подобро. Предизвикувачки е за менаџирање на гумите и рано менувавме. Се обидуваш повеќе да ги користиш гумите и да бидеш побрз, но тоа е предизвикувачка позиција за себе и среќен сум што сум на подиум.

Расел додаде дека ќе оди да ги наполни батериите на летната пауза и ќе се врати посилен.

Имавме неверојатен старт на сезоната и паузата добро ќе ни дојде. Се враќаме ресетирани, одморени, фокусирани и ќе се обидеме да се бориме за победи.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ