Расел признава дека бил непријатен во Имола

Гледајќи наназад на неговото однесување по несреќата на Имола со Валтери Ботас, Џорџ Расел чувствува дека не се прикажал во најдобро светло.

За Расел, сезоната во 2021 година беше за да му се докаже на Мерцедес дека заслужува место со тимот за следната сезона, а за време на Големата награда на Емилија Ромања, Расел во Вилијамс се најде во дуел кој заврши најлошо за него и Валтери Ботас.

Дуото се судри при брзина од над 300 кмч, оставајќи го Расел лут додека одеше кон Ботас, двајцата возачи за среќа беа неповредени, но тој му удри шлаканица на финецот по кацигата, за што доби среден прст за возврат. Младиот британец не наиде голема поддршка од тимскиот шеф на Мерцедес, Тото Волф, но потоа се извини.

Така, ако погледне наназад сега како се справил со таа ситуација, Расел знае дека тоа не бил неговиот најдобар момент како Формула 1 возач.

Направив да изгледам малку непријатно. Ако погледнам наназад како се справив со тоа, веројатно ќе се насмеев. Изгледав само како идиот И да бидам искрен, за секунда веројатно го изгубив паметот – се присетува расел.

За среќа на Расел, тој инцидент не го чинеше кариера во Мерцедес, британецот наместо тоа ја доби можноста да го замени Ботас од оваа година. Неговиот прв тркачки викенд во Бахреин беше пристоен почеток. Сепак, Џорџ беше прашан дали по три сезони со Вилијамс, каде во огромното многу често беше далеку од повисоките дострели на гридот, сè уште може да се трка за челните позиции, а неговиот одговор беше сигурен и јасен.

Па, јас се тркам 17 години, а 14 од нив бев на челните позиции. Мислам дека штом имам трка или две зад себе, ќе се вратам во нормала.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ