Расел признава дека “зезнал“ на рестартот

Џорџ Расел изјави дека направил хаос на рестартот во Баку поради што загубил две позиции. 

Тој мораше да го избегне Фернандо Алонсо во првиот свиок откако го промашил тротоарот и излегол прешироко од него. Тоа му дало шанса на Строл да го престигне и подоцна истото да го направи и Хамилтон. 

Навистина сум разочаран од себе. Имав добар старт и бев во добра позиција, но направив хаос на рестартот. Се бранев од Ленс и ќе удрев во Фернандо поради нечистите гуми и бев престасан од Ленс и Луис.

Фернандо прерано кочеше и за малку не го удрив. Немав доволно простор, Беше хаотично со рестартовите посебно на ваква патека. Два дена и два лоши рестарта – незадоволен е младиот расел.

Џорџ заврши на осма позиција со доволно разлика пред Норис за да може да промени гуми и да се обиде да нападне за поенот за најбрз круг. 

Престасувањето не беше добро во Баку и пред рестартот Расел успеа да го престигне Строл за време на менувањата гуми под безбедносно возило, но Строл успеа да му врати и да направи доволна разлика за да може да се внесат двата болида на Астон Мартин да менуваат гуми во исто време. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ