Расел: Природна реакција беше да го проверам Жу

Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, изјави дека било нормална човечка реакција да излезе од болидот и да го провери колегата Жу Гуанју по неговата страшна несреќа во Британија. 

Расел беше дел од несреќата откако имаше контакт со Гасли, а подоцна и со Жу. Расел застана пред свиокот со оштетување на задното лево тркало и гледаше како Жу се превртува и заглавува помеѓу бариерата од гуми и оградата. 

Мислам дека тоа е природна човечка реакција. Очигледно трката беше запрена по таков инцидент. Јас мислев дека мојата трка заврши, но болидот беше во состојба да продолжам. Имаше доста емоции и фрустрации бидејќи можев да имам силен резултат – се присети младиот британец.

Рсел ја повтори потребата да се размисли за просторот помеѓу бариерите и оградата во кои беше заглавен Жу. 

Беше лошо да се види дека не може да излезе од болидот. Беше добро и видов дека мрда, Но многу е тесно. Има кацига, хало и наслон за глава. Во таа ситуација не може да излезе.

Мислам дека мора да се поправи ова. Има простор помеѓу бариерите и оградата и тој заглави таму. Тоа не беше фино. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ