Расел се надева дека Мерцедес ќе ги следи Ферари и Ред Бул околу младите возачи

Британскиот возач на Вилијамс, Џорџ Расел, кој патем е штитеник на Мерцедес, се надева дека ќе биде дел од “сребрените стрели“ како што тоа се случи со Шарл Леклер и Алекс Албон во нивните тимови откако беа промовирани од јуниорските категории. 

Британецот е развоен возач на Мерцедес и своето деби го имаше минатата година во Вилијамс со целосно неконкурентен болид.  Тој беше конкурент на Леклер и Албон во пониските категории пред двајцата да бидат промовирани во Ферари односно Ред Бул.

Тој прифаќа дека Хамилтон и Ботас се успешна комбинација и нема илузија дека може да биде дел од Мерцедес но смета дека тимот треба да оди по стапките на Ферари и Ред Бул. 

Мерцедес нема јуниорска категорија без причина. Како и Ред Бул и Ферари, Целта е да се развие возач за да биде дел од главниот тим, Но треба да се погоди и тајмингот. во екипата има две места каде Луис е одличен во соработка со Валтери.

Треба да се размислува за промени, Но од друга страна видете ги Ферари со Карлос и Шарл кои ќе бидат пар во наредните години како и Дани и Ландо во Мекларен или Макс и Алекс во Ред Бул.

Мислам дека е потребна стабилност во тимот. Одлично е што тимовите размислуваат за иднината – вели расел.

Хамилтон и Ботас имаат договори до крајот на оваа година, во моментов возачите на тимот за 2021 година се непознати. Правилата се одложени до 2022 година и има шпекулации дека Ботас ќе добие уште едногодишен договор пред Расел да дојде во тимот, иако медиумите пренесоа дека Валтери преговара и со Ред Бул и Рено. За да работата стане покомплицирана, Фетел е слободен и му се отвора можност во Мерцедес. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ