Расел се надева дека ќе го мачи Волф со своите изданија

Откако дебитираше за шампионската екипа на Мерцедес на Шакирското Гранд При, Џорџ Расел се надева дека го натерал Тото Волф да размисли поради неговите перформанси.

Откако Луис Хамилтон потврди дека е заразен со корона вирус и нема да настапи на втората трка во Бахреин, “сребрените“ решија во болидот да го сместат својот јуниор кој се трка за Вилијамс. Младиот Раслел загуби за пол позиција од Ботас за помалку од три десетинки и беше побрз од финецот на трка, беше на прагот да побеи, но грешките во Мерцедес му ја одзедоа победата иако стигна до своите први поени во кариерата.

од моја гледна точка, работев неверојатно напорно за да извлечам се што е можно од пакетот и на моменти сум сигурен дека одработив неверојатно добра работа. мислам дека секогаш има елемент на несигурност во сечиј ум, змаејќи дека некој друг го возел болидот и можеби бил подобар.

од моја глена точка, викендов е одличен, така што веројатно одработуваме одлично и со вилијамс сезонава, но болидот е неконкурентен. се надевам дека од гледна точка на тото, го заболе глава од моите перформанси и сериозно размислува да ми даде шанса – изјави расел.

Младиот британец откри дека во пресрет на тркачкиот викенд си поставил цел да биде на две десетинки од Ботас и не очекувал ништо посебно, нити да бид подобар од финецот.

не очекував да бидам на негово ниво, не сакав да имам преголеми очекувања и да си поставувам високи цел, си реков дека е доволно да сум на две десетинки од него и задоволен сум.

знам дека во вилијамс имав одличен ритам и дека станувам се посилен во работата со моите инженеи и разбирањето на болидот и начинот на негово сетирање. напредокот од австралија лани е светлосни години, реално.

минатите неколку трки сум во добра форма, вршам одлична работа, но две десетинки ќе беше добро и фер со оглед на тоа што е веќе 17та трка годинава, исто толку пати тој се тркал со болидот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ