Расел типува Калум Илот да стигне до титула во Ф2

Возачот на Вилијамс, Џорџ Расел, типува дека Калум Илот ќе стигна до титулата во Формула 2 првенството годинава.

Илот моментално води пред Роберт Шварцман со 18 поени во пласманот. И двајцата возачи имаат по 2 победи, додека Илот беше на пол позиција на 3 од досегашните 4 настани.

Формула 2 ја следам се повеќе годинава. Навистина сум импресиониран од Другович. Не го познавам лично, не знам многу за него, но тој е многу постојан. Трките му се импресивни.

За титулата, мислам дека ќе биде помеѓу Шварцман и Илот. Мазепин ме изненади со своите перофрманси, но Немаше среќа со казните и На последната трка требаше да биде третопласиран. Од 14та стартна позиција стигна до 6то место и беше можеби најбрз на патеката. Мислам дека тој ќе изненади во останатиот дел од сезоната и ќе биде блиску, Но сметам дека Илот ќе ја освои титулата – очекува расел.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ