Редарите во Силверстон сметаат дека трката е непотребен ризик

Британското Гранд При би можело да се одржи позади затворени врати, но редарите сеуште имаат грижи околу безбедноста на настанот.

Според сегашните планови, Формула 1 сака да создаде изолација, со ригорозни ограничувања околу тоа на кој му е дозволено да биде во падокот на тркачките викенди и нивната слобода на движење со цел да се избегне повторување од Австралија.

Доколку Британското Гранд При е една од трките во 2020 година која ќе се одржи пред празни трибини, редарите кои волонтираат ќе мора да бидат присутни. Каролин Дојл, која работела на трката во два наврати, го изјави следното за The Guardian:

Ние сме како едно големо семејство. Присутни сме бидејќи го сакаме тоа и сакаме да постигнеме иста цел, поради тоа е посебно.

Свршеникот на Дојл, Кит Бонд, е редар веќе 15 години и има работено на 7 трки, а двајцата се избрани за трката во 2020 година. Двајцата се навикнати да бидат редари на трки ширум Велика Британија, но не би сакале трките да се вратат доколку не е безбедно за целата околина.

Присуствуваме на неколку рели трки пред изолацијата, а потоа одлучивме да не учествуваме на состаноците, сметавме дека тоа не е одговорно. Луѓето со кои разговаравме имаа слично мислење. Колку и да посакуваме да се вратиме, мора да ја сфатиме правилната одлука, дури и да не ја посакуваме.

Додека работиме е возможно да се дистанцираме како редари. Лесно е да се стои на два метри разделеченост, Но доколку има инцидент, не би можеле да го правиме тоа и ќе бидеме блиску еден до друг.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ