Ред Бул бараат Јури Випс да се докаже

Јуниорот на Ред Бул, Јури Випс, изјави дека му е цел за оваа сезона да се докаже дека заслужува место во Формула 1. 

Естонецот се подготвува за третата сезона во Формула 2 каде останува со Хајтек тимот, откако победи минатата година на две трки и заврши на 6та позиција кај возачите. Випс објави дека Ред Бул не му кажале да ја освои титулата како што Фред Васур му кажал на Тео Пурчер. 

Немам одредена цел од Ред Бул за да освојам било што. Сакам да докажам дека заслужувам место во Формула 1. Добро беше што на тестот ги видов разликите меѓу два болида на Ред Бул и колку напредувале.

Кога и да возам болид, а посебно тој шампионскиот е посебно. Тие денови се многу важни за комуникацијата со тимот. Секако има голема разлика од Формула 2 до Формула 1 и може да се одреди дали си добар или лош – посочи випс.

Јури верува дека титулата ќе му припадне на тимот Према бидејќи тие се многу посилни од другите. 

Задоволен сум што сум на гридот. Ова е благослов за мене и можноста што ни ја даваат Хајтек. Имавме потенцијал, но не бевме најсилни.

Среќен сум за тимот. Би сакал да ги предизвикаме Према. Тешко е да се победат бидејќи се во различна лига. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ