Ред Бул биле претпазливи со Гасли

Ред Бул одлучија да го продолжат договорот на Серхио Перез со тимот и го оставија Пјер Гасли да размислува што ќе прави околу својата иднина во Формула 1. 

Фелипе Маса верува дека Гасли не е доволно добар за врвна екипа и затоа Ред Бул одлучле да го задржат Перез за уште две години. Французинот имаше одлична сезона со Алфа Таури откако го деградираа од Ред Бул во јуниорскиот тим. 

Перформансите ги покажува долго време и Доста е брз, но во Монако на квалификациите не беше така и подоцна имаше проблем со стратегијата и црвените знамиња. Не му одат работите од рака. Потребен му е добар болид бидејќи покажува дека може да се бори за победи – смета бразилецот маса.

Но, оваа година Гасли нема доволно добар болид и ретко освојува поени. Пјер е добар пример за младиот Јуки Тсунода кој се подобри споредено со минатата година. 

Мислам дека му недостасува константност. На некои патеки покажува брзина и е конкурентен, Но мора да се подобри бидејќи е тоа е важно за Формула 1. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ