Ред Бул блиску до нов договор за Австриското ГП

Ред Бул се многу блиску до продолжување на договорот со Формула 1 за организација на Големата награда на Австрија.

Во Март, Ред Бул кои се сопственици на автодромот, решија дека сакаат да организираат трки и по крајот на оваа сезона.

Ред Бул Ринг беше автодромот каде почна оваа “корона сезона“ и патеката беше домаќин на првите две трки со строгите протоколи на ФИА за спречување на ширењето на Ковид-19 вирусот. Сега концептот кој се користеше за Австриското и Штаерското Гранд При се стандард во календарот.

во финална фаза сме на продолжување на договорот за организација на трка – откри доктор хелмут марко за австриски Kronen Zeitung.

Запрашан дали продолжувањето ќе биде на три или на пет години, Марко само изјави “не сте далеку од вистината“.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ