Ред Бул ги потврди Випс и Буеми за тест

Ред Бул официјално потврди дека Јури Випс и Себастиен Буеми ќе одработат за нив на тестот по крајот на сезоната кој ќе се вози на Јас Марина следната недела.

Долгогодишната резерва на тимот, Себастиен Буеми ќе вози крај младиот 20-годишник Випс во РБ16 од 2020 година за време на еднодневниот тест.

Випс неодамна стана резервист на тимот и му се приклучи на швајцарскиот ветеран во работата во симулаторот на тимот од Милтон Кинс откако ги комплетираше потребнтеи 300 километри со постар болид на тимот за да има можност да вози на патека. Тестот во Абу Даби ќе биде прво официјално појавување на Јури во болид на тимот.

Минатиот месец за време на Турското Гранд При, откако Буеми имаше обврски кон ендјуранс шампионатот, Випс беше “на чекање“ и беше официјална резерва за Верстапен или Албон. Годинава младиот естонец требаше да се трка во Супер Формула, но поради пандемијата и забранат за патување, возеше во неколку класи како Формула регионалното првенство и Формула 2 каде го менуваше Шон Гелаел во ДАМС.

многу сум благодарен за можноста која ред бул ми ја даде во рб16 болидот за време на тестот за млади возачи во абу даби. ова ќе биде прво мое возење на болид од тековната генерација затоа што потребните 300 километри ги имав во стар рб8 болид.

ќе има мнгоу што да се научи, но ќе се осигурам да се поготвам колку што можам подобро затоа што ќе бидат резервен возач на последните трки од сезоната – изјави випс.

Буеми, кој заврши на 4то место во Формула Е сезонава со Нисан е.дамс тимот пред трета година по ред да победи на 24 часа Ле Ман со Тојота, ќе добие прво возење на болид на патека од Јули 2019 година кога имаше силен судар при тест за Пирели.

не сум возел болид од тестот за пирели кој го одработив на силверстон лани така што овој во абу даби ќе биде многу важен за мене. минувам многу време работејќи во симулаторот, но реално возење на болид на патека е одлично поради корелација на податоците.

ќе можам да дадам повратни информации како се однесува симулаторот споредено со реалниот болид, но и дополнителни информации за се што му е потребно на тимот. добивам одлична можност која со нетрпение ја чекам – дополн буеми.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ