Ред Бул не губи време, го пробаа РБ16 и на патеката

Макс Верстапен ги направи првите кругови со Ред Бул РБ16 болидот за претсојната тркачка сезона откако екипата од Милтон Кинс одбра денеска да користи еден од двата денови за снимање на автодромот во Силверстон.

Многу брзо откако Ред Бул стана трета екипа која понуди некакви информации за својот болид за претсојната сезона откако утрово покажаа слики од болидот, Верстапен седна во истиот по што пакетот имаше свое деби на патеката.

Макс кружеше по патеката дом на Британското Гранд При не надмиунвајќи ги дозволените 100 километри со посебни гуми, согласно правилата при користење ден за снимање.

За разлика од претходните години, овој пат Ред Бул не користеше камуфлирана шара на болидот со цел да се прикријат новините, туку одбра од самиот почеток да го покажат изгледот на болидот кој ќе го носи цела сезона.

Оваа година ќе биде втора од партнерството на Ред Бул и Хонда и последна од партнерството на екипата од Милтон Кинс со својот главен спонзор, Астон Мартин.

Дебито на Алекс Албон ќе биде за време на тестот во Барселона следната Среда.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ