Ред Бул објаснија зошто се откажал Перез

Доктор Хелмут Марко, советникот за моторспсорт на Ред Бул, објасни зошто ненадејно откажал болидот на Серхио Перез на трката за Големата награда на Канада. 

Мексиканецот стартуваше од 13та позиција по излетувањето во средниот квалификациски сегмент и по само осум кругови застана покрај патеката со механички проблем. Според Марко тие веќе знаат што бил проблемот. 

Менувачот му се расипа. Тој беше при крај, но сметавме дека ќе издржи. Можно е да е последица од излетувањето и сударот во саботата иако не удри со него. Штета е бидејќи со Леклер во гужва ќе беше подобро за нас – откри марко.

И покрај проблемот на Перез, Марко изјави дека вакви проблеми нема кај Верстапен и дека се грижеле само за температурата на сопирачките. 

Внимававме на температурите. Повеќе бевме загрижени за сопирачките. Во првиот дел бевме на лимитот на прегревање на дисковите и плочките. 

Верстапен победи во Монтреал откако го издржа притисокот на Карлос Саинз. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ