Ред Бул размислува да го продаде АлфаТаури за 500 милиони долари

Познатиот експерт за бизнис страната на Формула 1, Марк Галагер, верува дека Ред бул ќе го продаде сестринскиот АлфаТаури затоа што екипата е неважна а брендот и не носи посакувани резултати.

Тој смета дека одлуката на компанијата за производство на енергетски поијалоци е сосема рационална, тврдејќи дека причината за постоењето на екипата не е само развој на возачи туку и подобрување на политичката состојба во ерата на Берни Еклстон. Галагер верува дека бизнис моделот повеќе нема смисла и ја загубил релевантноста во модерната ера.

светот е променет, формула 1 е променета под новите сопственици, а ред бул може да го продаде алфатаури за куп пари. лично би бил изненаден ако тимот до 2026 година е сеуште нивни, мислам дека до тогаш ќе донесат одлука.

алфатаури не ги стигнуваат поставените цели, а и нивните цели немаат некоја релевантност во бизнисот на ред бул – смета аналитичарот.

Тој посочи дека секој кој сака да влезе во спортот преку АлфаТаури би требало да биде подготвен да искешира 500 милиони долари со оглед на огромниот потенцијал кој го има тркачката серија што значи и зголемување на инвестираната вредност. Дополнително, тој верува дека Ред Бул не добиваа поврат на својата инвестиција во АлфаТаури и токму поради тоа морале да го донесат Серхио Перез наместо возач од малата екипа од Фаенца.

последниот пат кога разгледував, тоа беше пред пандемијата, ред бул вложија 83 милиони долари во екипата, тоа се доста пари да се вложуваат во екипа која развива возачи кои никогаш не доаѓаат онаму каде што треба, во посилната екипа.

Голем број на инвеститори во моментов бараат начин да влезат во спортот, така што Галагер не смета дека Ред Бул ќе имаат проблем со продажбата.

некој како оливер минтзлаф сигурно ќе смета дека тоа е само вишок инвестиција на компанијата која не носи профит и продажба ќе биде убава заработка за нив.

мислам дека продажба на алфатаури ќе биде добро и за формула 1 затоа што ако таму влезе андрети или некој друг сериозен “играч“, екипата повеќе нема да биде јуинорски погон, туку еим кој има своја гордост, инвестиции и цели кои треба да се остварат.

видете што направија парите кои лоренс строл ги вложи во астон мартин, ја извлече форс индија од малата фабрика на џордан, а со тоа што го гради денеска, има светла иднина пред себе.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ