Рено со подобрен мотор во Шпанија

Рено ќе воведе подобрен агрегат за трката викендов во Шпанија во обид да ги подобри перформансите и издржливоста.

Иако не се смета дека агретот ќе биде официјална втора спецификација, се смета дека промените ќе испорачаат доволно. Подобрувањата би требало да им овозможат да користат помоќна конфигурација во поголем дел од викендот, што би бил добар чекор напред во формата. Одлуката да се воведе агрегатот сега, значи дека Рено сигурно ќе ја надмине бројката од 3 дозволени мотори во сезона. Болидите на Хулкенберг и Рикардо сигурно ќе ги користат овие мотори во Барселона, додека дали Мекларен ќе ги користат исто така не се знае сеуште.

Знаеме дека сме способни за многу повеќе и потребен ни е чист викенд и трки за да го извлечеме потенцијалот. Мора да работиме во сите области, шасијата и моторот, да работиме со возачите и да им овозможиме да го постигнат својот капацитет. Мотивирани сме да постигеме повеќе и целиме кон тоа во Шпанија.

Знаеме дека средината е тесна, но тоа создава можности. Сме виделе дека среќата може да се промени веднаш, така што во Барселона се појавуваме гладни да ја започнеме сезоната.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ