Рестартовите како во Мелбурн не се својствени за Ф1

Возачот на Хаас, Нико Хулкенберг, посочи дека црвениет знамиња и рестартовите видени на Австралиското Гранд При се претерано вештачки за Формула 1.

Алекс Албон го донесе првото црвено знаме со извртувањето на 6та кривина во 9от круг по што следуваше рестарт, а вториот рестарт од гридот беше на три кругови пред крајот кога Кевин Магнусен удри во оградата и донесе многу нечистотии на патеката. Вториот рестарт беше моментот кога се направи голема гужва, сит еризикуваа, имаше многу контакти и судари по што до крајот се одработи возење на ревијален круг зад безбедносно возило.

Нико Хулкенберг многу напредуваше по проблемите од вториот рестарт, дојде дури до 4то место, но поради тоа што контролата на трка реши да се заврши по поредокот пред рестартот, Хаас се жалеа на резултатот, но жалбата беше отфрлена.

рестартовите секогаш се многу возбудливи, многу забавен елемент за фановите, но не и за возачите и екипите кои имаат многу чудно чувство во такви моменти. сте работеле цела трка, има уште само неколку кругови возење и одеднаш треба нов старт. постојат две страни на она што го видовме во мелбурн поради што се јави потреба од обемна анализа.

болидот на астон мартин со фернандо алонсо се изврте, но имаше среќа што никој ен удри во него. јасно е дека беше кошмарно сценарио за секој возач кој имаше добра трка и добра позиција. црвено знаме со рестарт од гридот значи голем ризик да ве удри некој без ништо да погрешите и викендот ви е завршен.

мислам дека рестартовите се некако вештачки елемент и не сум сигурен дека се дел од сржта на формула 1, така што сигурно дека добро ќе се размисли во иднина – смета нико.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ