Рикардо: Вебер ми се извини за ситуацијата со Пиастри

Даниел Рикардо откри дека тој и Марк Вебер ги расчистиле работите околу целата ситуација со Оскар Пиастри откако разговарале во Холандија. 

Возачот на Мекларен ќе биде заменет од Пиастри во 2023 година откако предвреме доби раскин на договорот со Мекларен кој имаше важност до крајот на следната сезона. Алпин тврдеа дека имаат договор со Пиастри додека и Мекларен го тврдеше истото. На крајот Комисија при Формула 1 пресуди дека младиот возач има валиден договор сао со Мекларен. 

Не сме се виделе лично, немаше потреба за тоа, но сакаше да се извини и да се обидеме да ги средиме работите. Нема ништо лично во ова, Тој сакаше да се разбереме. Се чувствува виновно бидејќи многу работи се пишуваа во медиумите. Добро беше што разговаравме – призна дани.

Рикардо разговарал и со Пиастри за да се осигура дека нема тензија. 

Зборував со Оскар и да бидам искрен нема лоша крв меѓу нас. Знам како функционираат работите, Тој сам сака да успее во Формула 1. Во овој момент тоа е голема работа за него. Нема ништо лично. Му посакувам се најдобро во Формула 1. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ