Рикардо ги открива целите за дебито со АлфаТаури во Унгарија

Австралиецот се враќа на тркањето во Ф1 на трката за Големата Награда на Унгарија овој викенд.

Даниел Рикардо вели дека нема никакви очекувања пред неговото деби со АлфаТаури на Големата Награда на Унгарија, бидејќи се подготвува за својата прва Ф1 трка по осум месеци.

Австралиецот, кој служеше како резервен возач на Ред Бул, го замени Ник Де Врис, кој беше отпуштен минатата недела по слабите перформанси досега во 2023 година.

Рикардо истакна дека враќањето на местото во Ред Бул, за кои се тркаше помеѓу 2014 и 2018 година, е неговата крајна цел, но сакаше да ги менаџира очекувањата за тоа што во моментов може да се постигне со АлфаТаури, кои се наоѓаат на дното на шампионатот за конструктори со само два поени од десет трки.

Ред Бул е сонот, така да се каже, но нема смисла да размислувам за тоа. Има многу работа што треба да се направи овде – изјави Рикардо.

Во однос на очекувањата, нема. Тоа е само за мене, сè што чувствував возејќи го болидот минатата недела е дека сакам повторно да возам. Сакам само да бидам во моментот, да уживам во него, да не размислувам премногу напред.

Знам дека болидот ќе има некои ограничувања, но морам да го направам најдоброто со она што го имам.

Што се однесува до овој викенд, не можам да кажам каде ќе завршам, бидејќи само сакам да знам дека сум вложил се во тоа и сум извозел круг на кој сум горд.

Договорот на Рикиардо со АлфаТаури го опфаќа само остатокот од сезоната во 2023 година, а Австралиецот вели дека иако не му биле дадени конкретни цели да постигне, тој треба да импресионира за да остане со тркачко место до 2024 година.

Сигурно, во моментов нема вистински критериуми, но треба да покажам нешто сигурно – рече Рикардо.

Но, исто така, за следната година и понатаму, нема гаранции, веројатно никогаш во овој спорт.

Времето на назначувањето на Рикардо беше изненадување, при што некои сугерираа дека четиринеделната пауза на Ф1 по Големата Награда на Белгија следниот викенд ќе беше попогодно време да се направи промена на возачот.

Сепак, Австралиецот вели дека две последователни трки во Унгарија и Белгија ќе му дадат многу податоци кои ќе ги анализира во текот на Август.

На некој начин, доаѓањето за време на летната пауза ќе беше поконвенционално, но некако ми се допаѓа што имам две трки, а потоа пауза – рече Рикардо.

Потоа имам некои работи за размислување во текот на паузата, па ќе се обидам да впијам колку што можам повеќе од овие две, а потоа да дојдам во Зандворт, да имам малку повеќе насоки или свест за тоа каде веројатно очекувам да бидам.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ