Рикардо е задоволен што напаѓал во Мексико

Даниел Рикардо изјави дека бил задоволен што имал можност да напаѓа и да престасува други возачи во Мексико откако заврши на седма позиција. 

Австралијанецот има лоша сезона освојувајќи само 35 поени споредено со 111 на Ландо Норис и го загуби местото во тимот. Но сепак. тој се потсети на добрите денови во Мексико и при во втората серија промени на софт гуми со што престигна шест болиди при крајот на трката. 

минатата сезона повеќе се бранев отколку што напаѓав, но сега само напаѓав и имав добро чувство. Кога влегов да ги менувам, гумите беа добри. Имав повеќе контрола и подобро се возеше – објасни дани.

Седмата позиција на Рикардо дојде откако тој доби казна од 10 секунди за ударот со Јуки Тсунода поради што јапонецот мораше да се откаже од трката. 

Откако се гледаат снимки, обично се прифаќа одговорност, но таму не гледам целосно одговорност. Не планирав да го престасам само сакав да пробам. имаше доста прашина и излизгав.

Доколку имав уште 20 или 30 сантиметри ќе беше подобро. Не сакав тоа да се случи, но се случи. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ