Рикардо е сеуште возбуден по освоениот подиум

Даниел Рикардо е сеуште возбуден откако го освои својот прв подиум по две години на Ајфелското Гранд При во Нурбургринг. 

Тој чекаше долго за топ 3 завршница, а претходно 4то место во два наврати беше најдобриот пласман кој го имал за фабричката екипа на Рено. Со неговиот шеф, Сирил Абитебул, имаа облог, доколку Рикардо стигне до подиум, ќе направат заедничка тетоважа.

Австралијанецот си ја заврши својата работа и сега се очекува Абитебул да го исполни неговиот дел од облогот. 

Сеуште сум возбуден. Многу време го чекав подиумот и бев близу неколку пати и кога излезе приказната за тетоважата многу повеќе почна да се зборува за тоа. Најмив уметник да порабиоти на два дизајна и му дадов неколку идеи па го очекувам финалниот дизајн.

Сирил ќе си остане на зборот. Го охрабрувам да се тетовира на рамото, но ќе видиме. важно е дека ќе ја направи, Ќе се осигурам дека ќе биде на видливо место – изјави рикардо.

Последниот подиум на Рено се случи во 2011 година, а русинот Витали Петров беше носител. Затоа Рикардо мисли дека ова е голема работа за него и тимот. 

Помина многу време од последното мое искачување на подиум и поради тоа ова сео рено беше како да ми е прв пат. Беше возбудливо и тимот многу време го чекаше ова.

мислам дека е голема работа и ја крена атмосферата во тимот. Искрено мислам дека не спиев многу бидејќи сеуште имав висок адреналин.

Ова е голема работа бидејќи имаше блиска борба за да стигнам до подиумот. Споредено со минатата година, мислам дека напреднавме многу и Не е само среќа во прашање. 

Резултатот е важен за Рено кои се во борба за третата позиција кај конструкторите. Со изедначеноста на болидите во средниот ред, Рикардо смета дека возачите ќе бидат одлучувачки. 

Би рекол дека сите сме исти во моментов. Мислам дека Рејсинг Поинт, Мекларен и ние сме исти само е важен возачот кој ќе состави најдобар круг на квалификации или ќе има подобар старт. Сега сме многу изедначени во борбата. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ