Рикардо: Издржливоста ќе реши кој ќе заврши на 3то место

Даниел Рикардо смета дека издржливоста на болидите, а не перформансите, ќе ја решат борбата за 3то место кај конструкторите оваа сезона.

Рено е во многу жестока борба против Рејсинг Поинт и Мекларен за тоа 3то место зад најбрзите болиди на Мерцедес и Ред Бул. Во пресрет на Португлското Гранд При, трите екипи се на само шест поени.

Рено силно напредуваат во последно време, Даниел Рикардо стигна до подиум на последната трка, но смета дека брзината и ритамот нема да бидат решавачки.

дефинитивно сме во борба за 3то место, но мислам дека сите три екипи се изедначени и имаат големи шанси за таа позиција.понекогаш ќе решава првиот круг, кој ќе има подобар старт и ќе земе подобра позиција на патеката, навистина сме блиску.

мислам дека битката ќе ја диктира издржливоста затоа што поени се возможни од сите три екипи врз база на перформансите и поради тоа ќе се обидам да си олеснам. јасно е дека на почетокот од сезоната рејсинг поинт изгледаа најсилни, а мекларен покажаа силни знаци како одминуваа трките. искрено, многу сме блиску едни до други – смета рикардо.

Ритамот на Рено е силен во последно време, но фрацузите загубија доста поени поради технички проблеим сезонава, а Естебан Окон не завршува две од последните три трки поради проблем со болидот, нешто што треба да се отстрани за да се предизвика сериозно.

работиме напорно на издржливоста која е силна барем до сега. секако дека на неколку трки скоро имавме проблеми, но пакетот е многу силен и перформансите силно се подобруваат од почетокот на сезоната.

дури и кога јас се откажував даниел успеваше да биде многу силен и да дојде на подиум што е олеснување за сите во тимот затоа што одамна не сме биле на подиум. ќе беше поубаво и јас да освоев поени, но тоа е – појасни окон.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ