Рикардо искрен: Утнавме со стратегијата

Даниел Рикардо откри дека Мекларен се обиделе со тимска стратегија да дојдат до добар резултат на Холандскто Гранд При, но работите не се одвивале како што тие очекувале.

Австралијанецот беше подобар од својот колега Ландо Норис на квалификациите во Сабота, но во пресрет на стартот имаше проблеми и почна да мафта со рацете за да сигнализира одложување на стартот, но се справи со пробемот по неврозни стискање на копчињата на упрвувачот. На почетокот на трката излегуваше и чад од неговиот болид, нешто што Џорџ Расел го увиде и го пријави преку тимското радио.

Норис од друга страна имаше многу долга прва серија, а Рикардо му ја отстапи својата позиција.

немавме добар ритам и не бевме многу брзи, но такба беше реалноста. барем дојдовме до еден поен денеска. се обидовме со таканаречена тимска стратегија со ландо, но изгледа дека јас својата работа не ја завршив добро.

разговаравме за тоа со тимот, тие видоа шанса да ги максимизираме поените и јас им верував. ќе направиме анализа, моето чувство е дека не ја извршивме стратегијата совершено, но не знам каде погрешивме.

можеби можев и јас да бидам 10ти место ландо, но тоа не менува ништо затоа што не сум 7ми или нешто слично. на крајота на денот мораме да се согласиме дека немавме совршена трка, сакавме да бидеме посилни, сакавме награда за круговите, но не го добивме тоа – објасни рикардо.

Иако пласманот од трката му донесе на Ферари превземање на 3то место кај конструкторите, Рикардо најавува враќање во игра на следната трка.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ