Рикардо му дава совет на Пиастри

Откако си замина од Мекларен, Даниел Рикардо му дава совет на својот сонародник Оскар Пиастри кој ќе вози наместо него. 

Тој ќе биде колега со Ландо Норис наредната година откако заврши неговиот договор со Алпин. Тој имаше импресивна јуниорска кариера која заврши со борба меѓу Алпин и Мекларен за неговите услуги. 

Само излези и вози. Знам дека е лош совет но направи го тоа. Биди сунѓер и вози. Не цели високо. Може да си подобар отколку што мислиш и затоа оди трка по трка. Се додека учиш и се подобруваш мислам дека ќе ти биде подобро. 

Заминувањето на Рикардо од Мекларен дојде по две тешки години за него во тимот. Но сепак тој верува дека нема да биде исто и со Пиастри и тој треба да се обиде да го одбегне тоа. 

Мислам дека научив доста во последните две години и можеби работите не беа како што треба. Мислам дека сето знаење може да му се пренесе на Оскар. Можеби ќе биде различно од негова гледна точка. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ