Рикардо научил како се стартува во Сочи од Формула 2 трката

Даниел Рикардо откри дека научил некои “финти“ од Формула 2 возачите, а во врска со позиционирањето и стартувањето на Руското Гранд При на патеката во Сочи.

Рено имаат силен тркачки викенд во Русија, австралијанецот беше на 2ро и 3то место на петочните сесии, беше најбр во средниот квалификациски сегмент, а утрешната трка ќе ја почне од подобрата позиција во третиот стартен ред.

во пресрет на викендот бев резервиран во врска со развојот на настаните. веројатно ова е најлоша патека за мене, најмалку ми одговара и бев свесен дека треба многу да работам за да постигнам добар резултат.

вчера бев охрабрен од перформансите на болидот, на к2 денеска беше исто така одлично, но да бидам искрен беше еден од оние кругови каде имате многу грип и се е совршено, се беше во најдобар ред. во к3 не можев да дојдам до нешто такво, но и топ 5 квалификации се супер и не смеам да се жалам – откри дани.

Запрашан како планира да надоместува позиции на трка за да дојде до толку посакуваниот подиум за Рено, тој појасни дека ја гледал Формула 2 трката денеска и научил некои работи од младите возачи.

стартот е клучен и намерно се квалификував на непарната страна на гридот. видов во формула 2 утрово дека таа страна е поодбра и тоа беше планот за мене. изгледа ќе биде добро.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ