Рикардо најмил дизајнер за заедничката тетоважа со Абитебул

Даниел Рикардо откри дека веќе најмил дизајнер, уметник кој ќе работи на дизајн за заедничката тетоважа која треба да ја имаат тој и неговиот шеф, Сирил Абитебул, а по подиумот на Нирбургринг кој австралијанецот го постигна за Рено.

Двајцата се обложиле дека доколку Дани стигне до топ 3 пласман за францускиот фабрички тим годинава ќе си направат заедничка тетоважа, Рикардо ќе го одбере дизајнот, а Сирил големината и местото. Во пресрет на Португалското Гранд При, Рикардо откри дека дизајнот е веќе при крај.

имам уметник, дизајнер кој работи на два дизајни и е при крај. морам да зборувам со сирил за логистиката, но се надевам дека пред бахреин и последните три врзани трки ќе имаме простор да се тетовираме. тогаш ќе бидам во фабриката и се надевам дека ќе завршиме со тоа – вели рикардо.

Облогот на Дани и Сирил е одлична приказна оваа сезона за односот помеѓу возачот и неговиот шеф иако соработката ќе им прекине на крајот од оваа сезона затоа што Рикардо се сели во Мекларен. Иако австралијанецот вели дека не жали за трансферот, призна дека ќе замине иако не е целосно задоволен од работата која ја завршил.

кога објавив дека ќе заминам за мекларен не сакав оваа сезона да биде непријатно и болно чувство за мене кое ќе сакам што побрзо да заврши, така што во таа сисла се е одлично. мислам дека двете страни се привикнаа една на друга, созреавме заедно и сега се гледа дека многу си веруваме и одлично соработуваме.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ