Рикардо не е во форма, смета Марко

Доктор Хелмут Марко посочи дека е претерано тешко да се суди дали Даниел Рикардо е во форма и на потребното ниво за Формула 1.

Австралијанецот го загуби своето место во Мекларен и предвреме го раскина договорот, а стана резервен и тест возач на Ред Бул каде ќе одработува многу маркетинг активности.

тој одлично се вклопува во тимот, веќе одработи одлични пр настани за ред бул што беше една од главните причини за што го земавме назад кај нас – посочи советникот за моторспорт на компанијата.

Седумкратниот победник на Гранд При трки се реши да направи една сезона пауза и цели да се врати на гридот како тркач во 2024 година.

мислам дека даниел ја загуби љубовта за формула 1 по неколкуте тешки сезони кои ги имаше. се надевам дека повторно ќе ја најде страста за спортот со нас, но ние немаме никакви други планови осетн тестирање и промотивни активности со него – дополни тимскиот шеф кристијан хорнер.

Запрашан дали можеби Дани заборавил да вози, доктор Марко одговори:

тешко е да се суди од сегашна гледна точка што му недостасува. има проблем, но дефинитивно ќе одработи неколку тестови за гуми за нас за да видиме каде е проблемот.

Компанијата будно следи што се случува со кариерата на нивниот четирикратен првак, Себастијан Фетел, за кого сметаат дека би бил одличен менаџер.

во моментов вози на артичкото рели и таму е со семејството. мислам дека некаде во март ќе поразговараме.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ