Рикардо не очекува бавен почеток со АлфаТаури

Откако ја помина првата полусезона настрана, Даниел Рикардо очекува да започне силно при неговото враќање.

Даниел Рикардо не очекува дека ќе биде бавен почеток при неговото враќање во Формула 1 со АлфаТаури.

Откако беше отпуштен од Мекларен на крајот на 2022 година поради недостаток на перформанси, Австралиецот избра да се врати во Ред Бул како нивен резервен возач.

Сега тој е замена за Ник де Врис во АлфаТаури, чии настапи исто така не ги исполнија очекувањата на тимот.

АлфаТаури досега има постигнато само два поени оваа година, а Рикардо изјави дека Ред Бул очекуваат од него да покаже резултати:

Тие очекуваат резултати и перформанси. Тешко е да се дефинира.

Мислам дека додека не влезам во болидот, тешко е да се дефинира што значи тоа. Дали е тоа 8мо место? Дали е 14то? Мислам дека нема притисок.

Рикардо призна дека неговите првични изведби ќе зависат од тоа колку добро го разбира AT04, so кој и Де Вриs и Јуки Цунода се мачат досега оваа сезона.

Тој се надева дека ќе започне силно со тимот и ќе го искористи она што го научил додека беше надвор од болидот во првата половина од сезоната.

Има две трки, а потоа и летниот распуст. Мислам дека не требаше да го направиме ова пред август, но исто така не очекувам да бидам бавен – додаде тој.

Сакам за започнам силно и да го искористам она што го научив за време на паузата.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ