Рикардо не успеал да ги оспособи гумите

Даниел Рикардо не бил во можност да ги оспособи гумите односно да ги загрее на потребната температура за да може да форсира на Големата награда на Португалија.

Рено и Рикардо беа на високо ниво во последните неколку трки што кулминираше со подиум за Рикардо на Нирбургринг, но серијата од топ 6 пласмани за австралијанецот заврши на Портимао и тој остана на 9та позиција на крајот од трката. 

Иако е среќен што освоил поени, сепак е фрустриран од неможноста да ги проработи гумите што го чинело шанса за напад на погорните позиции. 

Стартот беше луд и успеав да напредувам неколку места и да дојдам до 8ма позиција. Тогаш почнав да се мачам за грип на софт и влегов порано во бокс.

Имав долг стинт со медиум и морав да ги менаџирам гумите. Никогаш не успеав да ги проработам за да можам да форсирам.

Осма и деветта позиција за тимот не е лош резултат и мислам дека тоа е што можевме овој викенд – вели рикардо.

Подобрата позиција беше освоена од Естебан Окон кој е среќен со неговите перформанси овој викенд. Рено останува да се бори за трета позиција кај конструкторите пред трката во Имола. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ