Рикардо повторно се чувствува нормално на тест

Даниел Рикардо откри дека повторно се чувствува нормално и добро за време на тестот со Рено откако призна дека лани морал да ги потисне своите вистински чувства за да избегне хаос во тимот и кај инженерите. По денот кој го доби зад управувачот на РС20 болидот во Барселона, тој откри дека многу полесно во воочил патот по кој треба да се развива болидот.

годинава се чувствувам многу понормално. лани променив екипа и се обидував да им дадам колу што можам повеќе фидбек, но на тој начин да не созададам хаос кај нив. се обидував да балансирам со се за да создадеме добар однос.

сакав да бидам љубезен и умен кога ќе давам информации, а не само да дојдам и да бидам најгласниот дрдорко. годинава можам слободно да речам дека се споредува со ред бул, а лани ништо не беше вообичаено и нормално – појасни рикардо.

Австралијанецот е охрабрен што многу брзо уште во првите кругови на патеката можел да вози брзи и конкурентни кругови.

мојот втор круг во денот беше одличен, под 1 минута и 20 секунди што е многу брзо. бев во позната територија, влегов во болидот втора година по ред и овој пат имам одлични впечатоци.

беше многу полесно да се навикнам на грипот и на потисната сила одошто лани така што многу брзо почнав да се прилагодувам на тоа што го имам.

сега, кога почнувате да ја барате таа дополнителна половина секунда почнува тешкото за да видите за што се е способен болидот. првично сум сигурен дека подобрувања има и тоа големи.

Ситни проблеми го ограничија возењето на Рикардо вториот тест ден, но тој појасни дека се работи за ситни детали во дизајнот кој инженерите го прилагодувале.

без да навлегувам во детали мислам дека беа делови од школката и слично кои треба да се подесат. променивме некои работи за кои беше потребно време. навлегуваме во некои детали од болидот кои сеуште треба да се проучат, но тоа е природно.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ