Рикардо пресреќен за подиумот

Само три недели откако донесе прв подиум за фабричкиот тим на Рено откако французите се вратија во спортот, Даниел Рикардо донесе нов топ 3 финиш за тимот на Емилија Ромања Гранд При трката на Имола.

Австралијанецот беше во топ 6 на 14 кругови пред крајот на трката кога Макс Вертапен излета поради дефект со тркалото, а безбедносното возило се појави на патеката. Тимот реши да го остави на патеката и покрај тоа што многумина околу него се решија за свежи софт, така што по промената, Дани остана само со болидите на Мерцедес пред себе.

Одлично одработе при рестартот и ги остави зад себе останатите кои се бореа за позиција освојувајќи нов подиум.

два подиуми на три трки, се се случи многу брзо, но навистина многу се забавував. трката беше бизарна, дојдов до 4то место на стартот и мислев дека тоа е најмногу што можам со оглед на тоа кои беа пред мене.

потоа рејсинг поинт болидот на чеко перез имаше одличен ритам и не мина преку промената на гуми.

не сум сигурен што се случи со макс, но јасно е дека поради неговото откажување ние дојдовме до подиум. перез дополнително влезе по софт и на крајот со безбедносното возило ние решивме да останеме на патеката и да си ја сочуваме позицијата.

искрено бев изненаден што перез влезе по нови гуми, беше побрз од нас денекса и тоа е вистината која мораме да ја признаеме. ако останеше со истиот болид пред нас и истите гуми, сигурен сум дека ќе си го задржеше третото место поради што сум ногу изненаден од нивната одлука – изјави рикардо.

Во врска со својата одлука да остане на патеката и да си ја зачува позицијата, австрлијанецот смета дека истата се чинела како исправна.

тимот ме праша какви ми се гумите и јас реков дека сум задоволен од нив и дека има доволно за до крајот на трката. бев среќен со тоа што го имаме, бев решен да се борам и ако перез ме минеше за 3то место ќе се помирев со тоа.

Кон крајот на трката, закана за подиумот на Рикардо дојде од многу брзиот Даниил Квјат кој промени на софт и брзо надомести позиции во последните кругови од трката.

квјат дојде од никаде во последните кругови и беше навистина забавно.

Естебан Окон, вториот возач на тимот, се откажа по 27 кругови во трката, но поените на Рикардо беа доволни за да тимот го превземе 3то место во конструкторскиот поредок и сега се поен пред Рејсинг Поинт и Мекларен.

По крајот на трката, Сирил Абитебул веднаш му кажал на Рикардо да не помислува да се тетовираат два пати, а во врска со претходно добиениот облог според кој подиум годинава за Дани носи идентична тетоважа за двајцата.

пред да ми честита ми кажа да не помислам да ставиме по две тетоважи и дека сигурно ќе биде една.

Тој е познат по своите прослави и пиење на пенливо вино од својата патика, попуарно shoey, но по претходниот подиум во Германија заборавил да го направи тоа. Сепак, овој пат не беше така.

мислам дека ќе играм затоа што нема шанси да заборавам на shoey овој пат. се подготвував да пијам од патиката кога го чув луис зад мене како ми вика да ја соблечам и другата патеика.

веднаш му реков не затоа што пред три години на подиумот му понудив и ми кажа дека никогаш, апсолутно никогаш нема да пие од мојата патика. но, саимот си бараше денеска, ме изненади, но годинава ионака е преполна со изненадувања и одлично се забавувавме.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ