Рикардо: Рено вистински напаѓа на трето место

Даниел Рикардо смета дека Рено вистински напаѓа на трето место во генералниот пласман кај конструкторите откако минатата трка тие се бореа блиску за подиумот со Рејсинг Поинт и Мекларен.

Пред Португалското Гранд При, трите тимови се одделени со само шест поени, а Рејсинг Поинт е во водство од триото. Подиумот на Рикардо е првиот пласман во топ 3 по враќањето во 2016 година, што е доказ за напредокот на французите, а не само продуктивните перформанси во однос на поени.

Дефинитивно напаѓаме, вистински, Но мислам дека сите три екипи сме изедначени и понекогаш се сведува на еден круг, кој ќе има подобар старт, кој ќе надомести позции и мислам дека битката е многу блиска.

Очигледно тоа што ја диктира битката е и издржливоста и двата болида да завршат во поени, така што навистина ќе целиме кон успех … но блиску е.

јасно е дека од стартот на годината, Рејсинг Поинт изгледаа како да се чекор напред, потоа Мекларен беа посилни, како и ние, така што искрено е многу блиску – вели Рикардо.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ